Испечати

Чоколадни мафини со пченкарно брашно (посно)

Чоколадни мафини со пченкарно брашно (посно)

Состојки

  • 200 гр пченкарно брашно
  • 150 гр брашно
  • 350 мл вода
  • 50 гр мед
  • 100 гр посно чоколадо
  • 2 лажички сода бикарбона
  • 75 мл масло
  • цимет, кора од портокал
  • кафеав шеќер за посип
  • За украсување
  • сечкани кикирики
  • чоколадни капки
  • шарени трошки и сл.

Подготовка

На прагот на Богородичните пости го споделувам овој посен и лесен рецепт. Од оваа смеса се добиваат не многу слатки мафини, доколку сакате да ви бидат поблаги додадете си шеќер во нив.

Подготовка
Сите состојки заедно со сечканото чоколадо се мешаат со миксер, а може и рачно. Се става дел од смесата во хартиени корпи кои сме ги наставале во калапот за мафини. Излегуваат точно 12 мафини.
Ги украсуваме по желба со кикирики, чоколадни солзи и шарени трошки. Ги посипуваме со кафеав шеќер. Ги печеме во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути, зависи од јачината на рерната.