Исецкајте го месото на мали коцки и ставете го со малку масло и половина чаша (околу 100гр вода) прво да продинста, а откако ќе испари водата малку оставете го да запржи.
Извадете го од тавата и во истата мрснотија со уште една ракиена чашка вода пропржете го исецкан кромидот и морковот на коцкички. Откако ќе стани стаклест, додадете ги исекцканите пиперки и тиквичката исто така на коцки. Откако и тие ќе пропржат, додадете го иситнет вргањот и магдоносот. По кратко време вмешајте го брашното и црвената пипер, па налејте од водата и виното. Додадете го и доматното пире и зачините. Варете околу 5 минути, а потоа исклучете ја ринглата и оставете додека има топлина да покрчка.

Со кутлача распоредете од варивото во 3-4 земјени садови и во толку распоредете го месото или пак во едно помало грне сипете ја целата содржина од сосот и месото. Одозгора ставете по едно триаголниче топено сирење или пак, уште поубаво, изрендајте кашкавал.
Печете во загреана рерна од 200 степени околу половина час.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани