Испечати

Свинско во грне

Свинско во грне

Состојки

  • 700 гр свинска удина
  • 4 главици кромид
  • 2-3 суви пиперки или 1-2 свежи
  • 2 лажици доматно пире
  • 200 гр тиквички
  • 2 моркови
  • 15 гр сушен вргањ
  • 1 грст ситно сецкан магдонос
  • 1 рамна лажица мешан сув зачин
  • 1 рамно лажиче бабина/к`цана сол
  • 2 пати на врв на нож енибар
  • 1/2 лажичка оригано
  • сол и црн бибер по вкус
  • 1 рамна лажица брашно
  • 1/2 лажица црвен пипер
  • 1 чаша суво бело вино
  • 2 чаши вода
  • 3-4 триаголници топено сирење или кашкавал

Подготовка

Исецкајте го месото на мали коцки и ставете го со малку масло и половина чаша (околу 100гр вода) прво да продинста, а откако ќе испари водата малку оставете го да запржи.
Извадете го од тавата и во истата мрснотија со уште една ракиена чашка вода пропржете го исецкан кромидот и морковот на коцкички. Откако ќе стани стаклест, додадете ги исекцканите пиперки и тиквичката исто така на коцки. Откако и тие ќе пропржат, додадете го иситнет вргањот и магдоносот. По кратко време вмешајте го брашното и црвената пипер, па налејте од водата и виното. Додадете го и доматното пире и зачините. Варете околу 5 минути, а потоа исклучете ја ринглата и оставете додека има топлина да покрчка.

Со кутлача распоредете од варивото во 3-4 земјени садови и во толку распоредете го месото или пак во едно помало грне сипете ја целата содржина од сосот и месото. Одозгора ставете по едно триаголниче топено сирење или пак, уште поубаво, изрендајте кашкавал.
Печете во загреана рерна од 200 степени околу половина час.