17
јул
2012
Салата панчанела
Краставицата и доматите исечете ги на коцки. Кромидот исечкајте го на кругови. Ставете ги во подлабок сад за салата, додадете ги маслинките и промешајте.
Кришките леб (без кората) исечете ги на коцки и на ринглата во тавче без масло малку потпечете ги.
Лукот испасирајте го со алатка или источете го. Потоа пропржете го со маслото. Тргнете од оган и додадете ситно исецкан магдонос и сол.
Во оваа смеса макнувајте ги по малку печените коцки леб. Во останатиот дел измешајте ги преостанатите состојки за прелив и со него прелијте ја салатата.
Одозгора распоредете ги коцките леб и посипете ја салатата со ситно сецкан магдонос.
Лиценца: Сите права се задржани
Салатата е прекрасна,но ќе мора да ја смениш главната фотографија со некоја која не е со додадена бела позадина.
Поздрав :)
Тања, Ели, Сенди и вам ви благодарам за убавите коментари ***
A mozi i LUDO peperutce da ti nacrta :)))
Хах, Лиле, и со едното око и со другото тоа е ;) ... ме насмеа уште рано од сабајлево <3
цвеќе?
имаме цвеќе, повели
а за сликата, ехх... како ќе видевте вселенска салата ако не беше сликана како летечка чинија :)))
:**