Салата панчанела
Состојки
- 100 гр краставици
- 300 гр домат
- 50 гр маслинки
- 2-3 кришки леб
- 1 помала главица кромид
- За прелив
- 15 мл лимонов сок
- 40 мл маслиново масло
- 2 чешниња лук
- малку магдонос
Подготовка
Краставицата и доматите исечете ги на коцки. Кромидот исечкајте го на кругови. Ставете ги во подлабок сад за салата, додадете ги маслинките и промешајте.
Кришките леб (без кората) исечете ги на коцки и на ринглата во тавче без масло малку потпечете ги.
Лукот испасирајте го со алатка или источете го. Потоа пропржете го со маслото. Тргнете од оган и додадете ситно исецкан магдонос и сол.
Во оваа смеса макнувајте ги по малку печените коцки леб. Во останатиот дел измешајте ги преостанатите состојки за прелив и со него прелијте ја салатата.
Одозгора распоредете ги коцките леб и посипете ја салатата со ситно сецкан магдонос.