14
сеп
2013
Салата од печен зеленчук
Модриот патлиџан и пиперките ги печеме. Доматите ги лупиме и ситно ги сецкаме. Кромдот ситно го сецкаме и пржиме во малку масло да омекне и додадете ги доматите динстајте додекада да поиспари течноста од доматите. Додадете ги печените модри патлиџани и пиперките исечени на парчиња ,додадете и згмечено лукче сол, бибер и магданос промешајте и исклучете го шпоретот. Сервирано во чинија додадете малку масло одозгор.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови