Едноставен рецепт брзо се подготвува.
На почеток урмите ги чистиме од семки ја користам позадината од некоја дрвена лажица со самото вадење на семката се прави отвор во кој се става желето.
Маргаринот го топам, не треба да биде многу жежок во него ги додавам шеќерот, кокосот, мелените бисквити,таанот и сето тоа замесувам со газираниот сок. Користам онолку колку ми е потребно сок смесата да се одлепува од рака за да може да се формира. Смесата ја делам на 2 дела и во едниот дел го ставам какаото и потоа на намрсена фолија го ставам прво белиот, а потоа црниот фил и ги редам урмите. Го мотам ролатот и го оставам во фрижидер да се излади за полесно сечење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани