Ролат со печурки
200 мл. млеко и путерот се ставаат во сад на оган. Кога ќе почне да врие се додава брашното растворено во 200 мл. ладно млеко и малку сол. Се меша постојано додека масата не почне да се одвојува од садот. Се трга настана и откако ќе олади масата се додаваат јајцата, едно по едно со постојано мешање додека да се добие хомогена смеса. Смесата се истура во плех од рерна и се пече 30 минути (првите 20 минути на 200 степени, потоа уште 10 минути на 180 степени). При тоа не се отвара рерната, иако тестото при печењето се однесува чудно. Печената кора се става на влажна крпа и се покрива со друга влажна крпа додека не се олади.
Печурките убаво треба да се измијат и се варат 10 минути во посолена вода. Откако ќе се сварат добро се исцедат и се исечкаат на тенки листенца и се пропржуваат на малку зејтин, се додава малку црн бибер. Кога водата ќе испари, печурките се готови.
Во оладените печурки се додаваат варени и сечкани јајца, мајонез, павлака.
Со овој фил се премачкува целата кора, врз филот се редат круговите шунка, брз шунката се премачкува малку павлака и со помош на крпата се витка ролат. Ролатот се остава во фрижидер да се стегне и слегне. Се чува во фрижидер најмалку 12 часа.
Се премачкува ролатот со мешавина од мајонез и павлака. На крај ролатот се посипува со рендан кашкавал.
Многу вкусен и декоративен ролат. Погоден за слави и празнични трпези.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
jas koga pravam vakvi roladi namesto da gi stavam megu dve salfetki vednas dodeka e topla korata ja vitkam vo rolat i ne ja odvitkuvam dodeka se oladi taka korata nema voopsto da ispuka pri roluvanjeto pozz:)