Тортата за спремав за роденденот на внук ми.
Подготовка на првиот пандишпан
Разделете ги жолчките од белките во посебни садови и матете ги оделно со по пола од шеќерот. Потоа соединете ги и мешајте ги внимателно со шпатула, а за да ја задржат структурата и не спаднат секогаш мешајте со шпатулат одозгора па надоле. Потоа додајте го и сокот од портокал и сувите состојки и мешајте уште додека смесата не стане хомогена.
За подготовка на вториот и третиот пандишпан секогаш јајцата матете ги како во првито пандишпан, додадете ги и останатите состојки и мешајте додека не стане смесата хомогена.
И трите пандишпана печете ги оделно во загреана рерна на 180 степени околу 15 до 20 минути во тава обложена со хартија за печење. Најдобро да проверувате со чепкалка, ако е сува кога ќе ја извадете од пандишпанот тогаш е готов.
Најдобро е додека го печете првиот да го приготвувате вториот, а додека го печите вториот да го приготвувате третитот пандишпан. Откако ќе се готови оставете ги да се изладат убаво замотани во чисти памучни крпи.

Подготовка на темниот фил
Во сад за матење со миксер разматете ги јајцата со шеќерот, додајте 100мл од млекото и брашното и матете додека не стане хомогено.
Во друг сад на оган додајте го преостантото млеко и смесата со јајцата. Мешајте внимателно додека смесата не се згусти. Тргнете од оган, во смеата додајте ја нутелата и какаото и мешајте со лажица додека не стане хомогена. Оставте ја смесата де се лади.
Откако смесата ќе се излади убаво во сад за матење со миксер изматете го омекнатиот путер додека не стане пенест и додајте ја изладената смеса и матете додека не стане хомогена.
Подготовка на белиот фил
Во сад за матење со миксер разматете ги јајцата со шеќерот, додајте 100мл од млекото и брашното и матете додека не стане хомогено.
Во друг сад на оган додајте го преостантото млеко и смесата со јајцата. Мешајте внимателно додека смесата не се згусти.Тргнете од оган и додајте го белото чоколадо на коцкички и мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ја смесата да се олади.Откако смесата ќе се излади убаво во сад за матење со миксер изматете го омекнатиот путер додека не стане пенест и додајте ја изладената смеса и матете додека не стане хомогена.

Филувајте по следниот распоред Прв пандишпан, темен фил,втор пандишпан, бел фил и трет пандишпан.
За премачкување на тортата разматете го со миксер омекнатиот путер додека не стане пенест додадете ја нутелата и матете додека не стане хомогено.
Премачкајте ја тортата и оставете ја во една ноќ во фрижедер. Мене така ми е најдобро кога планирам да ја декорирам со фондан.
За декорацијата фонданот го правам во последно време по рецепт на маргарит4е , совршен ми е за работење.
Јас секогаш го правам 2 дена пред да ја декорирам тортата , фигурите ги правам 1 ден порано а ја декорирам последниот ден.
Конкретно за Спајдермен правев фигури што го симболизираат него а вие можете по желба. За мрежичката употребив кралска глазура ја има пишано и во други рецепти но еве ја и овде да ви ја олеснам работата .
Подготовка на кралската глазура
1. Во сад за матење со миксер матете ги белките додека не добиете цврст снег.
2. Потоа во садот полека додавајте го шеќерот во прав и наизменично мешајте со миксерот додека глазурата не стане мазна и светкава.
3. Глазурата разделете ја во садови и во нив додајте ги прехранбените бои кои претходно сте ги разредиле со неколку капки вода. Мешајте ја глазурата со лажица додека смесата не стане хомогена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани