Редена Делимано пита
1. Во млако млеко се дроби квасецот, се додава шеќерот и лажичка брашно. Се остава на топло квасецот да надојде.
2. Во подлабок сад се става едно јајце, жолчка, минералната вода и солта и се заедно се соединува. Се додава млекото со стасаниот квасец и со брашното се замесува тесто.
3. Тестото убаво се изработува се покрива со крпа и се остава на топло 45 мин.да стаса.
4. Стасаното тесто се дели на 4 еднакви дела.
5. Од првиот дел на набрашнета работна маса се развлекува кора и се става во малку намастена Делимано тава со димензии 25 х 35 цм.
6. Тестото се премачкува со кечап и се реди исечкана шунка.
7. Се развлекува втората кора, се става врз првата, па се премачкува со кисела павлака, а одозгора се реди исечкана сланина.
8.Се развлекува и третото тесто, се става врз второто се премачкува со кечап и одозгора се става изрендан кашкавал и оригано.
9. Се развлекува и четвртата кора и со неа се завршува редењето на питата.
10. Питата се премачкува со разматена белка и одозгора се става сусам.
11. Со остар нож ја сечеме питата, но не до крај. Ја покриваме со растеглива фолија и ја оставаме на топло 30-45 мин.
12. Ја тргаме фолијата и ја ставаме питата да се пече во загреана рерна на 200 Ц. 25-30 мин.
Речено-сторено ))
Прав рецепт за права тава))
Инаку рецептот го најдов на страната на Миња и топло ви го препорачувам. Питата е одлична и според мене претставува 3 во 1.
Тестото е како за леб, филот како за пица и исечена во форма на баклава.
Не можев поубава слика да извадам зошто моите не можеа повеќе да чекаат одма навалија и многу ја пофалија))..
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
maja prekrasna pita,bogata i mrsnicka:)
фала многу и пријатно :) :) :) :)