Активирајте го квасецот во топлото млеко и со останатите состојки замесете глатко тесто. Оставете го да се дуплира.
Премесете го тестото и поделете го на поситни делчиња (30-40) во зависност колкави сакате да ви бидат птиците.

Секое делче исукајте го со рацете како кремвишла, само потенко. Врзете го еднаш и благо стегнете го јазолот. Долниот крај од јазолот благо сплескајте го и со нож направете засеци за да личи на опашка. Горниот дел, со прсти заострете го да личи на клун. На тој дел ставете бибер во зрно наместо очи. Страничните делови, односно местото каде се наоѓа јазолот и треба да претставува тело на птицата можи, но и не мора да го засечите малку со ножичка за да изгледаат како крилја.

Птиците наредете ги во подмачкана тава и оставете ги да одстојат додека рерната се загрее на 200 степени. Потоа премачкајте ги со разматено јајце, по желба можи на делот на крилјата да наросите сусам и печете ги додека одозгора благо не поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани