Препелични гнезда
Еве една штосна и декоративна изведба на пециво, кое излезе и дека е особено вкусно.
1. Во сад се соединуваат ренданото фета сирење, 3 јајца, масло, јогурт, пециво и гриз. Се става сол по вкус.
Посебно се подготвува фил.
2. Сувиот врат и кашкавалот се сечка на коцки и се меша со едно јајце и прстофат сол.
3. Потоа земаме кора и со силиконска четка ја премачкуваме целата нејзина површина со смесата од гриз. По должината од една страна ставаме игла за плетење или тенко стапче. Ја мотаме кората односто ја роламе, ама на крајот оставаме 3 см не роловани. Ја набираме кон средината, го извлекуваме стапчето и ја свиткуваме во круг, така да крајот од кората кој не е свиткан дојде одоздола, како би се формирало гнездото. На ист начин ги работиме и другите кори.
4. На плехот од рерна му ставаме хартија за печење и ги ставаме формираните гнезда. Ги полниме со подготвениот фил, а корите одозгора ги премачкуваме со изматено јајце.
5. Се печат во загреана рерна на 200 степени додека да поруменат. Пред крај на печењето, се вадат од рерна и на секое му се крши по едно јајце од препелица и се враќаат во рерна да се запечат јајцата.
Забелешка
Ако ви се многу тенки корите, ќе испаднат повеќе на број, ако ви се подебели ќе си бидат таман. Се зависи од нивната дебелина колку парчиња т.е. гнезда ќе ви излезат. Можете ако сакате и подебели да ставите и две кори.
Немав игла за плетење, а немав ниту некоја прачка , па земав две стапчиња за ражничи и ги споив, па со нив ги формирав корите во ролат и на нив ги гужвав.
Лиценца: Сите права се задржани