3
ное
2014
Пралини полнети со мед и ореви
Брз рецепт за пралини, а пред се превкусен.
Чоколадото и маслото се топат на оган додека чоколадото убаво се растопи. По малку се става во секој калап за пралини и се размачкува убаво, се става во фрижидер на 5 минути да се стегне.
Оревите ги сецкаме и ги мешаме со медот. Изладениот калап за пралини после првиот слој од чоколадо го полниме со филот од ореви и мед и повторно ставаме чоколадо. Готовите пралини со калапот ги враќаме во фрижидер да се изладат убаво околу 30 минути и потоа се служат.
Ќе бидете изненадени кога ќе гризнете дел од пралини толку се сочни и вкусни.
На здравје !!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови