Арапски кекси полнети со фил од урми и ореви
Кога го видов рецептот кај Линда, се воодушевив од овие едноставни, декоративни aрапски кекси. Но калапче за подготовка на истите немав. Па морав да го порачам истото по пошта. За моја срека денес стигна на домашна адреса, па следуваше право миење, подготвување, сликање...а за дегустација јас ќе почекам. Дегустаторите рекоа биле многу кревки и вкусни. Во еден сад ги соединуваме брашното, гризот, густинот, солта, шеќерот.
Лесно промешуваме па ги додаваме сецканиот путер и масло. Ако има потреба се додава само 1-2 лажици вода или млеко.По желба може да се стави ванила, кора од лимон. Замесуваме нелепливо тесто. Сега обескостени урми, ореви и многу малку јас ги ставив во Нутрибулет и онако грубо ги соединив. Од подготвеното тесто, киниме парченце, го расплескуваме на дланката, ставаме одприлика по ¼ лажиче фил и замотуваме како топче. Топчето го ставме во калапот за кекси. Го притиснуваме топчето, па на работната маса го вадиме. Вака ги подготвуваме сите кекси и ги редиме во ненамастен плех. Печeме од 10-12 минути, на 180 с. Кексите треба да останат бели. По желба ги валкаме во шеќер во прав и послужуваме. Препорака е гризот да одстои некое време во малку растопен путер, за да омекнe. Или истиот ако е покрупен да се сомели, но може да се замени со брашно. И целото брашно не го ставјте одденаш. Самото тесто ќе каже колку е доволно.