Вклучете ја рерната на 180 степени.
Садот во кој ќе го печете колачот треба да е длабок (22-24 цм ширина)
Во садот во кој ќе печите ставете 5 лажици шеќер и ставете го на не многу јака температура да се карамелизира.
Претходно, во вангла избијте ги јајцата со шеќерот, додајте го млекото и ванилата и тргнете го настрана. Тоа ќе биде смесата за кремот.

Во друга вангла избијте го јајцето со шеќерот и додајте ги другите состојки кои се во листата за тестото.
Во садот во кој е веќе карамелизираниот шеќер турете ја најпрво смесата за кремот. Потоа во средината турете ја смесата за тестото.
Во некоја тепсија, поголема од садот во кој ќе печите, турете врела вода и во неа ставете го садот. Количината на водата одредете ја самите, треба да биди отприлика 2 цм од садот.
Ставете го сега да се пече, отприлика 55 мин. а после половина час можете да го покриете со фолија за да не загори одозгора.
Кога е веќе печено, оставете го да се олади, па ставете го со се тепсија во фрижидер, неколку сати, добро да се стегне. Потоа само превртете го на тањирот на кој ќе стои и уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови