28
јун
2022
Бели пралини полнети со крем карамел
Подготовка:
1. Над пареа го растопуваме чоколадото со маслото. Силиконските калапи, јас користев форми на мини куглоф, на дното ги покриваме со по 1 лажиче растопено бело чоколадо. Ги ставаме во фрижидер да се стегни чоколадото..
2. Сега ги вадиме од фрижидер и ги премачкуваме ѕидовите на калапчињата со растопено чоколадо.
Пак ги оставаме во фрижидер да се изладат.
3. Сега ги полниме со подготвениот карамел, ставаме по едно лажиче. Оставаме во фрижидер 10 минути. Ги покриваме со растопено чоколадо. Оставаме во фрижидер 30 минути, па внимателно ги вадиме пралините од калапите и ги сервираме.
Лиценца: Сите права се задржани