Најпрво подгответе ја смесата
Во сад ставете ги сите состојки и со вилушка измешајте ги убаво да се изедначат. Покријте го со проѕирна фолија и оставете го во фрижидер околу 20 мин.
Кромидот излупете го, исечете го на кругови од 1цм и секое парче одделете го. Така оформените прстени ставајте ги во смесата и пржете ги на среден оган во поголема количина на масло. Извадете ги на салфетка да го впие вишокот на маснотија и послужете ги топли како прилог на печено месо или скара и со кечап.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани