Полнети прстени од пиперка
Ова е многу декоративно јадење кое одлично ќе се вклопи во вашето мени за појадок или вечера.
1. Пиперките исчистете ги од рачките и семето, па од секоја исечете по 2-3 кругчиња со дебелина од 2-2,5 см. Зависи колку јајца сакате да спремите - колку јаца, толку прстени од пиперка ви требаат.
2. Остатокот од пиперките исечкајте го на ситни коцкички. Ставете ги да се пржат во тава со малку масло и посолете ги. Кога ќе омекнат додадете го доматот, излупен и исечен на коцки или изрендан. Пржете додека не се згусне па ставете го магдоносот, ситно исечкан. Сосот од пиперки и домати извадете го од тавата.
3. Прстените од пиперка ставете ги во загреаната тава, па во секој од нив ставете од сосот и распределете го по целата површина. Потоа врз сосот искршете едно јајце и покријте ја тавата со капак. Пржете на умерена температура за да не изгорат на дното, а времето на пржење зависи од тоа колку сакате да биде пржена жолчката.
Пријатен апетит!
Лиценца: Сите права се задржани