Посни лиснати кифли (без маргарин)
Маргаринот веќе подолго време е исклучен од употреба во мојата кујна, па во време на пости го користам палмовото масло во негова замена.
Подготовка
1. Во 50 мл млака вода ги соединуваме шеќерот и квасецот. Додека квасецот се активира во брашното ставаме пециво, сол и масло, а водата со виното млако ги загреваме. Сите состојки ги замесуваме во средно меко тесто.
2. Го делиме тестото на две топки и од секоја вадиме по 8 топчиња. Ги расукуваме, на седум од нив мачкаме палмово масло и ги ставаме едно врз друго. Расукуваме кора со дијаметар од 45 см и од неа сечеме 16 триаголници.
3. Формираме кифли, ги редиме во намрсен плех и ги оставаме да стасаат околу 50 минути (зависи колку ви е топла просторијата). Истата постапка е и со втората половина од тестото.
4. Кифлите во првата тава непосредно пред печење ги премачкав со палмово масло и кога ги извадив од рерна ги премачкав со масло. На кифлите од втората тава им ставив премаз од сенф и масло и ги посипав со семиња, пред да ги печам.
5. Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути со вентилатор или додека да поруменат.
Забелешка
Во тестото не ми требаше толку течност за замесување, ама тоа да знаете дека зависи од брашното, а и за стасување на квасецот одземете од водата која е потребна за замесување на тесто.
Јас ги подготвував празни, доколку сакате можете да си направите полнење, со ајвар, туна, или некој друг фил по желба.
Лиценца: Сите права се задржани
Ризницата постојано се шири Лиле, се обидувам секој пат различно нешто да направам и со тоа да ги воодушевам домашните:) некој пат и ми успева, па заслужените рецепти си го добиваат почесното место во Моирецепти:)
Кифличките произлегоа од рецептот на Кате за посни кроасани, само што јас направив неколку измени во нив и ги адаптирав на наш вкус, навистина се убави:)