4
јул
2013
Посни кифлички со премаз од сенф
1. Од брашното, квасецот, солта, шеќерот и затоплената минерална вода замесуваме тесто. ( по потреба количината на вода варира, треба да добиеме средно тесто )
2. Тестото се остава да стаса. Од тестото земаме парче колку големина на орев и го расукуваме во елипсовидна форма. Виткаме кифличка.
3. Кифличките ги редиме во подмачкан плех.
4. Сенфот и маслото ги мешаме заедно. Со четче ги премачкуваме кифличките со оваа смеса. Врз кифличките ставаме сусам и по малку маргарин. Оставаме да нараснат.
5. Печиме на 180 степени 10-15 минути.
Лиценца: Сите права се задржани