Ова е десерт два во еден,односно на посен колач по сопствена иницијатива додадов палачинки со мармалад,расположена за нов крој. Од сите продукти наведени за кора,се прави смеса со мешање...нема биење со миксер туку тоа оди со рачна мешалка,се излева во тавче бр.36 премачкано масло и брашно па се печи на 200 во загреана рерна .

За филот
Пудингот со соја млекото и шеќер се варат по стандардна процедура, мешајќи постојано кога достигне густина се лади. Што се однесува до смесата со гриз, вода и шеќер, се вари на оган заедно 2 минути,сметајќи од времето кога зоврие...и таа се лади.
Во сад настрана се бие маргаринот,се додава од ладниот пудинг и ладната гриз смеса,заедно се изедначува така добиениот фил. Палачинките (готови -купени) ги премачкав со мармалад и ги заролав. Над ладен кекс се нанесува слојче фил, се редат во 2 реда палачинките по (краевите им ги отсеков) се става повторно одозгора фил...најгоре се премачкува топено чоколадо или глазура некоја ваша омилена и сечкани ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови