17
ное
2013
Полнети пиперки со компири и туна
Компирите со лушпата се варат. Се оставаат да оладат, потоа се лупат и се пасираат или рендаат.
Кромидот изрендајте го или многу ситно исецкајте го. Исецкајте ги и маслинките и магдоносот и сите додајте ги во компирите. Додајте ја и туната заедно со маслото. Додајте сол и бибер по вкус и измешајте ги.
На пиперките извадете им ја рачката и семето и наполнете ги со смесата. Ставете ги во мало плехче намачкано со масло, попрскајте ги со маслои печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 45 мин.
Послужете ги топли со салата.
Лиценца: Сите права се задржани