Испечати

Полнети пиперки со компири и туна

Полнети пиперки со компири и туна

Состојки

  • 4 големи пиперки
  • За полнење
  • 4 средни (800) гр компири
  • 3 конзерви од по 80 гр туна
  • 1 рака црни маслинки без семка
  • 1 рака зелени маслинки без семка
  • 1/2 главица кромид
  • 2-3 лажици магдонос
  • по вкус сол и бибер
  • по потреба масло

Подготовка

Компирите со лушпата се варат. Се оставаат да оладат, потоа се лупат и се пасираат или рендаат.
Кромидот изрендајте го или многу ситно исецкајте го. Исецкајте ги и маслинките и магдоносот и сите додајте ги во компирите. Додајте ја и туната заедно со маслото. Додајте сол и бибер по вкус и измешајте ги.
На пиперките извадете им ја рачката и семето и наполнете ги со смесата. Ставете ги во мало плехче намачкано со масло, попрскајте ги со маслои печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 45 мин.
Послужете ги топли со салата.