Сендвич со пасирани компири и пиперки
Компирите излупете ги и ставете ги да се варат заедно со сувите пиперки.
Свежите пиперки испечете ги, а потоа излупете ги и отстранете им ги семките.
Откако компирите ќе се сварат испасирајте ги.
Во сад за толчење ставете го лукот, сварените суви пиперки(претходно отстранете им ја лушпата) и печените пиперки.
Истолчете ги и префрлете ги во садот со компири.
Од водата во која се вареле компирите и пиперките ставете во садот со компири(количината зависи од тоа колку сакате да ви е густа смесата).
Во тава загрејте масло и со вжештеното масло прелијте ја смесата.
Додајте го пармезанот, посолете и сосема малку наросете црн бибер.
Убаво измешајте ја смесата.
Во тава на оган ставете го путерот да се растопи и ставете го багетот пресечен на половина.
Оставете го во тавата додека стане крцкав од двете страни.
На едната половина од лебот ставете од смесата со компири и пиперки,потоа наредете од мортаделата и на крај ставете парчиња марула.
Затворете го сендвичот со другата половина од багетот.
Пресечете го на два дела и послужете го топол.
По желба парчињата багет премачкајте ги со лук.
Лиценца: Сите права се задржани