Во сад ставете го квасецот, млекото, шеќерот и малку брашно и оставете квасецот да стаса.
Компирите изрендајте ги и додајте ги во садот.
Во садот додајте ги останатите состојки за тесто (освен маргаринот) и замесете средно меко нелепливо тесто.
Оставете го тестото да отстои 20 минути.
Потоа од тестото расукајте кора и премачкајте ја со растопениот маргарин.
Свиткајте ја кората и оставете ја во фрижидер 15 минути.
Повторете ја постапката уште еднаш.
Откако тестото ќе отстои во фрижидер поделете го на 2 дела.
Од едниот дел расукајте кора и врз неа на растојание ставете од филот(приготвен од сецкани суви домати и котаџе сирење).
Расукајте ја и другата кора и нанесете ја врз првата кора.
Со раце малку сплескајте ги краевите и со чаша вадете кругови од тестото, така што во средината на секој круг да ви дојде делот од кората каде што е нанесен филот.
Премачкајте со разматено јајце, наросете сусам и ким и оставете ги да постојат 15-20 минути.
Печете на 200 степени, 20-30 минути (зависно од печењето на рерната).

Со чаша јогурт ќе имате супер појадок!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани