5
мај
2014
Полжавчиња од пилешко месо и пршута
Парчето пилешки прсти го сечкаме на ленти. Лентите сосема малку (а некои воопшто не) ги мазниме нежно со чук за месо.
Лентите од сосема тенко сечканата пршута ги делиме на три дела односно онолку колку е широка пилешката лента. Ги ставаме една врз друга и ги виткаме како полжав. Ги спојуваме со чепкалка. Ги пржиме во загреано масло на средна температура. Откако ќе се изладат малку, ги вадиме чепкалките. Сервираме...
Забелешка
Пршутата на некои парчиња бело мевце ја ставав од внатрешна страна, на некои од надворешна, а некои сосема цели ги обвиткував со неа. Не ставав никаков зачин, затоа што смата пршута е солена и не сакав многу да ги мешем вкусовите. Вие ако сакате можете да си ги зачините...
Лиценца: Сите права се задржани
Ова требаше да биде уводниот дел на текстов во оваа рецепта...се изгубил по пат...или јас сум изгубена...важно ви се допаднаа...тоа е важно:)))))