10
дек
2012
Погачки со мелено месо
Најпрво во тавче пропржете го меленото месо со кромидот околу 2 мин., па додајте го доматниот сос и зачините и оставте да крчка додека не испари течноста, некаде околу 5 мин. Оставете го да се лади.
Смесата за погачки се меша со жица за матење, почнувајќи од јајцата, па водените и на крај сувите состојки и последно се додава предходно припременото мелено месо.
Погачките може да ги печете во силиконски модли, модли за мафини или пак едноставно во хартиени корпиња.
Одлични се за доручек си чаша јогурт, на здравје!
Лиценца: Сите права се задржани