Погачки со мелено месо
1. Квасецот се дроби во млако млеко, се додава шеќерот и се остава да стаса.
2. Маргаринот се мати со мискер се додаваат жолчките и лажичка сол. Потоа се додава маслото, нараснатиот квасец па постепено се додава брашно и се замесува тесто.
3. Се покрива со крпа и се остава 30мин.
Кромидот ситно се сечка, па се пржи во масло.
4. Се додава месото, мешан сув зачин, црн пипер по вкус и се продолжува со пржење со повремено мешање.
5. Тестото се премесува и се дели на помали топчиња.
6. Секое топче се расукува, на средина се става малку фил, па се витка во погача.
7. Се оставаат 30мин да нараснат.
8. Се печат на загреана рерна на околу 180 степени.
Погачките прекрасно мирисаат и се превкусни.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Моето мислење можете да го прифатите , а може и да не го прифатите, ама јас сум должна да го кажам. На маргаринот му фали само една молекула па да биде пластика....На него не одат ни мравки, оставете го слободно отворен и во двор....пластика никој не полазува...Не е спорно дека ви се вкусни погачките, ама за мене со путер ако може:)