Погачки со мелено месо
Состојки
- 200гр маргарин
- 2 жолчки
- 100мл млеко
- 1 лажица шеќер
- 1 филџан масло
- 1/2 квасец
- 1 лажица сол
- 600гр брашно (по потреба)
- 1 главица кромид
- 300гр мелено месо
Подготовка
1. Квасецот се дроби во млако млеко, се додава шеќерот и се остава да стаса.
2. Маргаринот се мати со мискер се додаваат жолчките и лажичка сол. Потоа се додава маслото, нараснатиот квасец па постепено се додава брашно и се замесува тесто.
3. Се покрива со крпа и се остава 30мин.
Кромидот ситно се сечка, па се пржи во масло.
4. Се додава месото, мешан сув зачин, црн пипер по вкус и се продолжува со пржење со повремено мешање.
5. Тестото се премесува и се дели на помали топчиња.
6. Секое топче се расукува, на средина се става малку фил, па се витка во погача.
7. Се оставаат 30мин да нараснат.
8. Се печат на загреана рерна на околу 180 степени.
Погачките прекрасно мирисаат и се превкусни.