Испечати

Погачки со мелено месо

Погачки со мелено месо

Состојки

  • 200 мл јогурт
  • 2 јајца
  • 6 лажици полни брашно
  • 1/2 лажиче сода бикарбона
  • 1/2 лажиче сол
  • 70 мл масло
  • 60 гр рендан кашкавал
  • 100 гр мелено месо
  • за подготовка на меленото месо
  • 1 кришка ситно сецкан кромид
  • 5 лажици доматен сос
  • зачини... оригано, црн бибер, вегета

Подготовка

Најпрво во тавче пропржете го меленото месо со кромидот околу 2 мин., па додајте го доматниот сос и зачините и оставте да крчка додека не испари течноста, некаде околу 5 мин. Оставете го да се лади.
Смесата за погачки се меша со жица за матење, почнувајќи од јајцата, па водените и на крај сувите состојки и последно се додава предходно припременото мелено месо.
Погачките може да ги печете во силиконски модли, модли за мафини или пак едноставно во хартиени корпиња.
Одлични се за доручек си чаша јогурт, на здравје!