Погачици со сланина и кашкавал
Стоплете ги млекото и водата.
Додајте го шеќерот и квасецот и оставете малку да стаса.
Во подлабок сад ставете го брашното, па додајте го стасаниот квасец, маслото, жолчката и прстофат сол.
Почнете со месење.
Откако тестото ќе се умеси додајте го ренданиот кашкавал и ситните парчиња сланина претходно пропржени и исцедени од вишокот мрснотијта(пржете ја сланината без додавање на масло).
Месете уште малку додека се соединат убаво сланината и кашкавалот.
Покријте го тестото со крпа и оставете да стаса.
Стасаното тесто развлечете го во кора околу 1цм дебелина и со чаша вадете кругови.
Наредете ги во плех обложен со хартија за печење, премачкајте ги со белка и посипете со пармезан и ленено семе.
Оставете ги да стасаат уште малку(15-тина минути) додека се загрее рерната на 180 степени.
Печете додека заруменат.
Со чаша јогурт или кисело млеко ќе имате вкусен појадок.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани