Погачици со сланина и кашкавал
Рецептот е сличен на рецептот за пинерлии, ама вкусот, структурата и вкусот ги надминаа сите мои очекувања. Превкусни се, се топат в уста, сите кои ги пробаа беа воодушевени.
Подготовка
1. Растворете го квасецот во млако млеко со 1 лажиче шеќер.
2. Кон овој раствор додадете павлака, масло, сол, белка, пециво и додадете околу 450 г брашно и замесете тесто (можи и со миксер, па после да се домеси со рака). По потреба додадете уште брашно, јас искористив точно 500 г брашно за оваа количина. Тестото треба да биде меко и нелепливо.
3. Оставете го да нарасти 40тина минути.
4. Потоа поделете го на 8 дела.
5. Земете еден дел, раширете го во мала кора на набрашнета површина и премачкајте го со маргарин. Земете уште еден дел, раширете го во иста големина и ставете го врз првата кора.
6. Со помош на сукало, нежно раширете правоаголна кора со должина на тавата во која ќе печете. Премачкајте со маргарин и ставете една четвртина од зајрето.
7. Замотајте во ролат. Исечете го ролатот на 6 парчиња и ставете ги во плехот (обложен со хартија за печење) во кој ќе печите. Повторете ја постапката со останатите 6 дела од тестото и со добиените 3 ролати.
8. Премачкајте со жолчка, наросете сусам и ставете по едно парченце маргарин врз секое парче.
9. Оставете ги да се накренат 30тина минути па ставете ги да се печат на 180 степени околу половина час.
По желба можи и друг фил да ставите, јас направив и со спанаќ и изварка, ама овие со сланината ми беа топ!