
1
ное
2014
Плескавици од урда и зеленчук
Во вангличка се ставаат урдата, јајцето, зачините, 4-5 лажици брашно, малку пециво, свежата брокула која претходно е исецкана во сецко на Делимано, малку обарениот морков и компир.
 Убаво сето се соединува. Сега, бидејќи смесата е малку леплива, се зема со набрашнета лажица од неа, се става во тајнирче со брашно, се облепува и лесно се формира плескавица.
 Потоа се валакаат во изматено јајце.
 Јас половина од плескавиците ги валкав во презла и сусам, а половина во презла и фиде.
 Се пржат на умерен оган.
 Се редат на хартиени салфети.
 Одлично одат со парче сирење и лут ајвар.
Лиценца: Сите права се задржани



























