Плескавици од кус кус и зеленчук
Кус кусот го ставаме во сад, додаваме малку маслиново масло и сол, го попаруваме со врела вода , го покриваме и оставаме така да одстои 15 минути.
компирот го вариме , а пред крај ги додаваме и цветовите брокула да се бланшираат неколку секунди.
Морковот го рендаме на крупната страна на рендето.
Сега во еден сад ги ставаме сите состојки, убаво соединуваме со рака.
Смесата ја оставаме во фрижидер да отстои 30 минути, да се спојат вкусовите.
Потоа формираме 7-8 плескавици кои ги валкаме нежно во лебни трошки и ги редиме во плех обложен со хартија за печење.
Печиме 10-15 минути од едната страна, внимателно ги превртуваме и печиме уште 10-15 минути.
Го подготвуваме преливот.
Сервираме во тајнир, врз секоја плескавица ставаме прелив, и декорираме со шери домати.
Наздравје оваа несекојдневна, а вкусна убавина.
Лиценца: Сите права се задржани