Пита со јагоди и бело чоколадо
1. Најпрво се приготвува тестото. Брашното, прстофат сол и ладниот путер се мешаат прво со вилушка, а потоа со рака за да се направат трошки. Се додава ладната вода за да се поврзе и замеси. Тестото не треба да се меси многу за да не омекне путерот. Готовото тесто се става во фижидер да одмори додека се приготвува филот.
2. Јаготките се сечат на четвртинки и се ставаат во садот во кој ќе се готват заедно се шеќерот и ренданата кора од лимон (се оставаат неколку за украс). Откако ќе провријат се оставаат на потивко да се варат околу 20 мин. На крај се додава екстрактот од ванила и се остава да се олади. Филот треба да биде поредок бидејќи дополнително ќе се пече со питата.
3. Лешниците се ставаат во кеса и се кршат со толчник (нешто ќе се сомеле, нешто ќе остане покрупно, не е битно) па им се додава презлата и циметот. Со оваа смеса се посипува тестото, пред да се стави филот.
4. Тестото се вади од фрижидер и се сука на дебелина отприлика од половина сантиметар и со него се обложува калапот за пита (тоа што ќе ви остане можете да го чувате во фрижидер и да го употребите другпат). Мојот калап е 26.
5. Тестото се боцка со вилушка за да не се надигне при печењето и се посипува со смесата од лешници.
6. Над тоа се става филот од јагоди и се става во рерна на 180Ц да се пече околу 30-35 мин.
7. Откако ќе се олади питата се украсува со стопено бело чоколадо, карамел, шеќер во прав.
8. За украсување, белото чоколадо се топи со лажичка масло на многу ниска температура. Потоа се става во фишек од хартија за печење и се украсува оладената пита.
9. За украсите од карамел, шеќерот се топи додека не добие убава килибарна боја. Потоа се зема со вилушка од карамелот и се прават украси на хартија за печење. Кога ќе се стврднат украсите може да се стават на питата.
Наздравје нека ви е.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Би прашала и за чинијата (сет чинии претпоставувам) , преубави се :)
Драга Ванила
За објавени 5 рецепти на МоиРецепти следува подарок калапчиња (секачи) од Делимано.
Во порака на ФБ страната или на мејл испрати ни ги твоите податоци (име, презиме, адреса и телефон) за да може да те контактираат.