Пита со праз со готови кори(посно)
Едноставна посна пита со готови кори, најдобра за млади домаќинки кои сакаат да приготват пита, која најмногу наликува на месена пита.
1. Најпрвин го сечеме празот и го запржуваме во тава со зејтин и сол. Се остава да олади.
2. Во еден сад ставаме кисела вода, брашо, сол, шеќер, квасец и зејтин. Со миксер ја матиме смесата. Со оваа смеса ќе ги премачкуваме корите.
3. Ја премачкуваме тавата со зејтин и ставаме една кора. Ја попрскуваме со малку зејтин и кисела вода. Ставаме уште една кора и повторно попрскуваме со зејтин и кисела вода. Ставаме трета кора и ставаме околу 4 лажици од смесата со брашно. Премачкуваме со силиконска четка. Повторно кора, повторно премачкуваме со смесата. Така правиме додека да потрошиме 2/3 од корите. Го ставаме испржениот и оладен праз, па повторно редиме кори и премачкуваме од смесата додека да ги потрошиме корите. И најгорната ја премачкуваме со смесата со брашно.
4. Питата ја сечеме на парчиња , попрскуваме со зејтин, поросуваме со сусам и ја оставаме да одмори 30 минути.
5.Питата ја печеме на 200 степени околу 15 минути, потоа намалуваме на 180 степени и печеме уште 30 минути.
6. Питата пред служење најубаво е да ја оставите 15 минути покриена со крпа.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови