Пита со готови кори и паштета од грашок (посно)
Рецептот за паштета од грашок го поставив пред извесно време.
Питата лесно и брзо се приготвува, како и секоја пита со готови кори.
Вклучете ја рерната на 200 степени.
Секоја кора попрскајте ја со масло и кисела вода, ствете ја втората кора, повторно попрскајте со масло и кисела вода и постапката повторувајте ја се до четвртата кора.
Четвртата кора не ја прскајте, туку ставете од паштетата, количината е по желба.
Замотајте ролат и стевете го во садот во кој што ќе се пече.
Повторувајте ја постапката додека имате кори и/или паштета.
Доколку сакате да ставите сусам, пред да ја ставите питата да се пече, со четка премачкајте ја питата со вода и посипете сусам, така подобро ќе се залепи сусамот.
Печете 30ина минути на 200 степени.
Лиценца: Сите права се задржани
со волку експерименти научник ќе станев :) :) :) :)