3
јун
2015
Ќофтиња од жолт грашок (посно)
Сварете go жолтиот грашок со морков, кромид и зачин за уок. Посолете и пасирајте во блендер. Оставете ја смесата да се излади. Со лажица за сладолед оформете ќофтиња, потоа во галета. Истурете по една лажичка масло врз секое ќофтиња и печете во силна рерна 20 мин. Сервирајте со јогурт посипен со зачин за уок и малку маслиново масло.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови