Ќофтиња од жолт грашок (посно)
Состојки
- 1 и 1/2 чаша жолт грашок
- 1 морков
- 1 кромид
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка зачин за уок (кромид, морков, пиперки, коријандер, лук, лимонска трева, лути пиперки, праз, Фенугрик, кокосово млеко во прав, бибер, кумин, ѓумбир, анасон, магдонос)
- 50 гр. трошки од леб
Подготовка
Сварете go жолтиот грашок со морков, кромид и зачин за уок. Посолете и пасирајте во блендер. Оставете ја смесата да се излади. Со лажица за сладолед оформете ќофтиња, потоа во галета. Истурете по една лажичка масло врз секое ќофтиња и печете во силна рерна 20 мин. Сервирајте со јогурт посипен со зачин за уок и малку маслиново масло.