Ова е едноставен и забавен рецепт кој во Англија се нарекува ‘Колач од Риба’, но не е баш колач. Во случај да не забележавте. Тоа е пире од компири измешано со парчиња риба и други состојки, сето тоа покриено со лебни трошки и пржено во маслиново масло!

Преземи го рецептот во PDF

Состојки

  • 1 филе oд лосос (500 грама)
  • 100 грама грашок
  • 750 грама варени компири
  • Една рака свеж магдонос
  • 1 јајце
  • Кора од половина лимон
  • 1 пакување лебни трошки
  • Сол и бибер
  • Маслиново масло

Подготовка

Чекор 1: Земете голема сочна кременадла од лосос, посолете ја и ставете ја да се пече во рерна под решетката. Свртете ја од другата страна по 5 минути и проверете дали лососот е убаво зготвен во средината. Лососот е масна риба и нејзиниот богат сок е полн со Омега 3 масла.

Чекор 2: Излупете ги и исечкајте ги компирите на крупни парчиња и ставете ги во зовриена вода. Варете ги околу 20 минути за убаво да омекнат.

Чекор 3: Исечкајте го магдоносот.

Чекор 4: Земете ја кременадлата од лосос и исчистете ги коските и кожата. Внимателно исчистете што е можно повеќе коски.

Чекор 5: Исцедете ги компирите и испасирајте ги со вилушка – ако сакате ставете и малку путер или млеко.

А потоа ставете се. Лососот, грашокот, магдоносот, кората од лимон, јајцето, солта и биберот – и убаво измешајте ги.

Направете ги ќофтињата од риба со раце. Овој рецепт е доволен за тројца, или пак за двајца многу гладни луѓе.

Чекор 6: Извалкајте ги ќофтињата во лебни трошки и убаво покријте ги од сите страни. Ставете ги во тава со маслиново масло и пржете ги додека да добијат златно кафена боја. Повремено превртувајте ги.

Сервирајте по две ќофтиња на човек со свежа кора од лимон.

СОВЕТ: Овој ‘Колач од Риба’ навистина заситува и обилува со убави нешта. Свежата риба секогаш е здрав и хранлив додаток на трпезата. Ако сакате посилен вкус Ви препорачуваме во овој рецепт да ставите чадена риба. Пратете ни ја Вашата верзија!

Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Касерола ; Тава за пржење
Касерола Тава за пржење