Пита со блитва, печурки и готови кори (посно)
Еве еден рецепт за брза и вкусна посна пита.
(Количините се за еден плех од шпорет)
Во повисок сад се раствора квасецот со шеќерот во млаката вода и се остава да стаса.
Блитвата се чисти од рачките, се обарува малку во врела вода, се цеди и се остава да се излади. Потоа се сецка ситно.
Печурките се сецкаат ситно и се мешаат заедно со блитвата, малку масло, сол и бибер по вкус.
Во садот со квасец се додава брашното од хељда, маслото, солта, прашокот за пециво и киселата вода. Убаво се меша.
Се реди 1 кора, се премачкува со четкичка со смесата со квасец. Врз неа се става нова кора која се филува со смесата со блитва и печурки. Се витка како ролат и се става во подмачканиот плех.
Постапката се повторува со сите кори.
Кога ќе бидете на половина со виткање на корите, вклучете ја рерната на 180-200С.
Пред печење, корите се прскаат со малку масло и кисела вода.
Питата се пече околу 20-25 мин. (во зависност од јачината на рерната).
Добар апетит...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови