23
мар
2015
Пита со ослич (посно)
Тестото се меси и се остава да стаса. Кога ќе биде стасано поделете на повеќе топчиња.(отприлика 5-6 зависи колкаво тавче)
Празот исецкајте го и запржете. Додадете го обарениот ослич, исцепкан на парчиња.
Од топчето расукајте кора (колку можете потенко)
Ставрте ја во намрсена тава. Попрскајте ја со масло и кисела вода и ставете од филот. Повторувајте ја постапката со останатите кори и фил. На последната кора само попрскајте со масло и кисела вода и наросете сусам.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови