Пржен ослич со сос од лук (посно)
Сосот со лук кој оди во прилог на осличов е екстра за сите кои го сакаат вкусот на лук. Сосот отвара апетит, лукот е природен антибиотик, а во комбинација со останатите состојки наликува на ѕаѕики сосот кој го користиме со гиро, само сега прикажан и во посна варијанта.
Ова е основната верзија, а после можете да си додавате состојки по желба, па да го направите и како намаз кој ќе биде многу содржителен и ќе го јадете само него со топло лепче. На нас ни се бендиса многу, а авторското право ми го даде сопругот кој го измисли овој намаз =)
Лукчињата се лупат и заедно со солта се толчат и се мешаат во аван додека да стане кремаста смесата. Се додаваат мајонезот, сенфот и сечканите краставички, како и копарот.
На рибата и ја отстрануваме лушпата, ја сечеме на парчиња. Секое парче го валкаме во барашното во кое сме додале зачин и го пржиме во загреано масло.
Риба ослич знам дека сите подготвувате, ама еве пробајте да го направите и овој сос, верувам дека ќе ви се допадне.
Забелешка
Посен мајонез може да си купите, а може и да си направите по овој рецепт
Лиценца: Сите права се задржани