Крем чорба со пржен ослич
1. Излупениот компир заедно со кромидот, морковот, сувата пиперка и лукот го ставаме да се вари. За да добијам во време варам во експрес лонец. Откако целиот зеленчук убаво ќе се свари го ставам во блендер и го правам во каша. Кашата ја враќам на оган додека ја подготвувам запршката.
2. Замрзнатиот ослич го чистиме од кожата и го сечкаме на парчиња. Парчињата ги валкаме во брашно со измешан сув зачин и ги пржиме во загреано масло. Откако ќе се изладат ја вадиме коската и ги цепкаме на мали парчиња. Вака спремениот ослич го ставаме во кашата т.е во чорбичката пред да ја запржиме.
3. На оган го ставаме брашното за запршката да пушти мирис, ама да не ја смени бојата. Доставаме масло и ситно насечканите лукчиња, кои треба да ни пуштат мирис, да не се препржат. Веднаш доставаме црвен пипер, ја мешаме убаво запршката и ја ставаме во чорбата. Промешуваме зачинуваме и оставаме да врие така 2-3 минути.
Лиценца: Сите права се задржани