Одвојте ги белките од жолчките.
Изматете цврст шам од беклите во кој постепено ќе додавате половина од шеќерот.
Посебно изматете ги жолчките со останатиот шеќер до кремаста структура и во нив измешајте ги пудинзите и прашокот за пециво. На крај, додадете го и изматениот шам од белки.
Излијте ја смесата во тава 30х40 (во овој случај кај мене беше Ростерот) која сте ја обложиле со пек хартија и печете (одприлика на 180 степени 20на минути).
Печената кора пресечете ја на 2 дела вертикално и филовајте ја
.
Фил-Од млекото и прашокот за пудинг сварете го пудингот. Маргаринот измиксирајте го со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер и додадете го во оладениот пудинг. Измиксирајте за добро да се соедини.

Одозгора премачкајте со глазура (која во овој случај на сликата ја нема по пат на домашна побарувачка)
Измешајте ги состојките за глазурата така што со водата ќе ја регулирате густината и премачкајте одозгора.
Откако убаво се здрви сечете коцки или правоаголници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани