Пилешки ролни
Превкусен ручек, уживавме, а се надевам и вие.
Подготовка:
1. Пилешките меса ги сечеме попречно за са добиеме два листа. Преку најлонска фолија ги танчиме со чеканче. Ги попрскуваме со масло и зачините од двете страни.
2. На секое парче се става филе, изронета Зденка, доматчиња. Се виткаат и зацврстуваат со чепкалки за заби.
3.Се потпржуваат од двете страни по пет минути. Се редат во сад на хартија.
4. Двата домати се рендаат, се зачинуваат сол, црн пипер, оригано. Се излеваат врз ролните, се наросуваат со ренданиот кашкавал.
5.Се ставаат во загреана рерна на 200 околу 35-40мин, додека убаво заруменат.
На здравје.
Лиценца: Сите права се задржани