Испечати

Пилешки ролни

Пилешки ролни

Состојки

  • 3 пилешки бели меса
  • по потреба масло, сол, мешан сув зеленчук,мелен црн пипер
  • 12 парчиња тенко сечени пилешко филе
  • 6 триаголничиња топено сирење-зденки
  • 1-2 црвени домати
  • уште 2 црвени домати
  • по вкус сол, мелен црн пипер, оригано
  • 150 гр. рендан кашкавал

Подготовка

Превкусен ручек, уживавме, а се надевам и вие. 

Подготовка:

1. Пилешките меса ги сечеме попречно за са добиеме два листа. Преку најлонска фолија ги танчиме со чеканче. Ги попрскуваме со масло и зачините од двете страни.
2. На секое парче се става филе, изронета Зденка, доматчиња. Се виткаат и зацврстуваат со чепкалки за заби.
3.Се потпржуваат од двете страни по пет минути. Се редат во сад на хартија.
4. Двата домати се рендаат, се зачинуваат сол, црн пипер, оригано. Се излеваат врз ролните, се наросуваат со ренданиот кашкавал.
5.Се ставаат во загреана рерна на 200 околу 35-40мин, додека убаво заруменат.

На здравје.