17
апр
2015
Пилешка бела чорба
Водата во која се варело пилешкото месо, односно, најчесто целото пиле е најубава да се искористи за правење на домашна пилешка супа. Овој пат е импровизација на моментот и она што се имало при рака. Испадна невообичаено добра чорба, па еве некому можеби ќе се најди во некој „инстант“ момент.
Искинете го или пак исецкајте го на мали коцкички пилешкото месо. Шпагетите издробете ги на 1-2 см должина. И останатите наведени состојки додадете ги во зовриената пилешка вода.
Кога е готова, тргнете ја од рингла. Изматете го јајцето со јогуртот и додадете го со енергично мешање. По 15 мин. послужете.
Лиценца: Сите права се задржани