Испечати

Пилешка бела чорба

Пилешка бела чорба

Состојки

  • 150 гр пилешко месо
  • вода во која се варело пилето/пилешкото месо
  • 2-3 грста замрзната мешавина зеленчук (грашак, морков, пченка)
  • 50на гр тенки шпагети
  • 1 мало морковче (рендано)
  • 1 грст ситно сецкан магдонос
  • 2 см корен од пашканат, сецкан на ситни коцки
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 1 чајно лажиче црн бибер или подобро гарам масала
  • 1 чајно лажиче чубрика
  • 1 јајце + 1 ракиена чашка јогурт

Подготовка

Водата во која се варело пилешкото месо, односно, најчесто целото пиле е најубава да се искористи за правење на домашна пилешка супа. Овој пат е импровизација на моментот и она што се имало при рака. Испадна невообичаено добра чорба, па еве некому можеби ќе се најди во некој „инстант“ момент.

Искинете го или пак исецкајте го на мали коцкички пилешкото месо. Шпагетите издробете ги на 1-2 см должина. И останатите наведени состојки додадете ги во зовриената пилешка вода.
Кога е готова, тргнете ја од рингла. Изматете го јајцето со јогуртот и додадете го со енергично мешање. По 15 мин. послужете.