Пилешка чорба со 3 вида печурки (по рецепт на Џовани)
Подготовка
Во тенџере на оган ставете ги водата, копаните, солта и мешаниот сув зачин и сецканите компири.
Откако ќе се сварат копанчињата, им ги вадиме коските и ги враќаме во тенџерето. Овде додадете една коцка за супа и една паковка готова супа.
Во тавче на тивок оган, ставете малку масло и сецкан морков. Кога морковот ќе биде омекнат, ставете го ситно сецканиот кромид и сецканите печурки да се пржат околу 5 мин. Потоа, додадете ги во тенџерето и оставете чорбата да врие околу 10 минути.
Во друго тавче на тивок оган направете запршка со масло, брашно и црвена пипер, кратко мешајќи да добиете еднолична смеса и додадете ја во тенџерето. Оставете да поврие уште неколку минути
На крај изматете едно јајце со павлака и додадете ја во чорбата. Промешајте.
Добар апетит
Лиценца: Сите права се задржани
Kade ja ima, ja kupuvas....?
A jas ke poglednam i na net nesto za nea
I nesto mnogu Mi se cini zacin, i kocka, i gotova supa, i zacin....
No sekoj po svoj vkus gotvi. Neli?
Jas bi igrala so svez zelencuk, od Se po malku
Inaku, bogata, Ubav recept
-Што се однесува до зачинот, кој како сака, може да се намали. Рецептот е пишан точно според мојот колега Џовани, ништо не менував, воедно морам да кажам дека беше многу вкусно :) Но, од друга страна, кога готвиме, сите пробуваме нели, така да тоа може да се регулира.
Убав ден Кате